Денес премиерот Зораан Заев преку фејсбук пост изјави дека се приклучуваме на глобалната кампања за Меѓународен ден на спортот за развој и мир. Тој испрати порака за важноста на физичката активност за добро ментално, физичко здравје и за благосостојба.
„Обединетите нации го прогласија 6 април за Меѓународен ден на спортот за развој и мир. Оваа година се приклучуваме на глобалната кампања со порака за важноста на физичката активност за добро ментално, физичко здравје и за благосостојба. Тоа е една од ретките причини поради кои вреди да се излезе од дома во овие кризни КОВИД-19 денови. Најдете начин да бидете физички активни без да се групирате. Вежбајте дома, на тераса, во двор, во маало, во парк, на планина. Чувајте се и бидете активни! ” – напиша Заев