269
Денеска во голема полициска акција се уапсени десетина полициски службеници кои биле дел од ланецот за фалсификување на патни исправи и лични документи.
Неофицијално како што дознаваме МВР во координација со Канцеларијата за истраги на Американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која се уште трае.
Од министерството за внатрешни работи само ни потврдија дека во тек е голема акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.