Во Франција, луѓето со пониски примања ќе можат меѓу првите да ја примат вакцината на „Џонсон и Џонсон“

од Stefanija Kuzmanovska
147 прегледи

Франција најверојатно ќе им даде предност на граѓаните од прекуокеанските територии и на оние со ниски примања да добијат единствена доза на вакцина против ковид-19 произведена од „Џонсон и Џонсон“, изјави денеска официјален претставник на француското Министерство за здравство.

Минатата недела, претседателот на Франција, Емануел Макрон, нареди трето национално заклучување, кое треба да трае најмалку еден месец, во надеж дека ќе се избори против третиот бран на инфекција со коронавирусот, кој се заканува да ги преплави болниците, објави „Ројтерс“.

Во меѓувреме, властите, по бавниот почеток, ја забрзаа вакцинацијата низ целата земја.

Целта е 30 милиони луѓе да ја примат првата доза на вакцина до средината на јуни. До понеделник, 9,35 милиони Французи ја примија првата доза. Франција има повеќе од 67 милиони жители.

Слични содржини