Османи: Бугарските граѓани ја казнија политиката на Каракачанов, тие сакаат зближување со нас

од Nikola Popovski
425 прегледи

„Пораката од бугарскиот народ е важна во смисла на тоа дека спречувањето на европската перспектива на Македонија не се тоа што бугарските граѓани го посакуваат, бидејќи тоа беше основниот наратив на партијата на Красимир Каракачанов“, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи за емисијата „Клик плус“.

Според него, фактот дека ВМРО-БНД не ја доби поддршката за влез во бугарскиот парламент значи дека граѓаните не поддржуваат таква политика.

„Бугарскиот народ не е против нас. Тој бара начин за зближување на двете земји“, истакна Османи.