СДСМ: Пропаднаа обидите на Мицкоски за саботажа на голема полициска акциј

од Andreja Salpe
182 прегледи

Од СДСМ вчера вчера со кусо соопштение го обинија лидерот на опозицијата за саботажа на вчерашната полициска акција.

„Пропаднаа обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за саботажа на голема полициска акција, одново не го одбранија криминалот. Христијан Мицкоски вчера по којзнае кој пат јавно застана на браникот на криминалот, на спротивната страна од полицијата и законите“, велат од СДСМ.

„Додека полицијата вршеше акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Мицкоски од белиот дворец пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната за овој случај.

Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите.

Државата, институциите продолжуваат со бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата колку и тоа да не му се допаѓа на бранителот на криминалот Мицкоски“, соопштува СДСМ.

Слични содржини