Костадинов: Намерите на Мицкоски да одбрани криминлаци пропаднаа, време е за одговорност

од Берта Китинска
331 прегледи

Во тек на сложена полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши Христијан Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај.Поради соодветната реакција на МВР, намерите на Мицкоски да одбрани криминлаци пропаднаа, вели пратеникот Костадин Костадинов од редовите на  СДСМ.

Во одннос на вчершната акција Костадинов  вели дека Мицкоски уште еднаш покажал дека цврсто стои на браникот на криминалот и криминалците се негов белег

– Не може никој, најмалку политички субјект да се обидува да руши истраги, да заштитува криминалци, да саботира акции на државни органи.Обидите на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство.Јавноста очекува соодветна реакција.Одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата, вели Костадинов.

Тој додава дека Мицкоски и Чулев од лажните вести се имаат заплеткано.

-Прво лажно тврдеа дека Наќе Чулев бил тој кој ја покренал оваа акција, па потоа самиот Чулев да каже дека ја реактивирал па потоа дека ја завшил… Еден хаос во ВМРО-ДПМНЕ, фатени живи како саботираат полициска акција.

Залудни се обидите на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да работат против правдата и законите, вели Костадинов.

Слични содржини