Хоџа: Договорот преку јавно-приватно партнерство за хелихоптерски услуги е раскинат

од Andreja Salpe
287 прегледи

Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија Муабет Хоџа, на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање околу договорот кој требаше да се направи пред повеќе од година и половина преку јавно-приватно партнерство за хелихоптерски услуги за пребарување и спасување, и со тоа би се ставиле дваа хелихоптери на располагање за итни случаи, кажа дека на одлуката на 26-та седница на Владата на РСМ тој договор е раскинат. Тој истакна дека не било возможно продолжување на договорот, поради одолговлекувањето на пандемијата, како и да е, Владата на РСМ нема да се откаже од спроведувањето на ваков договор, така што, наскоро ќе биде распишан нов тендер.

Портапролот Хоџа, исто така истакна дека човечкиот живот нема цена, кога станува збор за спасување на човечки живот секој треба да го даде максимумот, а не да се оградува од одговорност. Во таа насока од кабинетот за борба против криминал и корупција на Љупчо Николовски, испратени се дописи и побарани се извештаи од градоначалникот на Кратово, како и од Центарот за управување со кризи. Во врска со случајот побарано е од ЦУК и МВР да се спроведе внатрешна контрола за спроведување на надлежните службеници за случајот.

Слични содржини