Германија: Не постои ризик од втора доза од друг производител

од Stefanija Kuzmanovska
322 прегледи

Германскиот советодавен одбор не гледа никакви недостатоци или ризици од давање на млади луѓе, кои ја примиле првата доза на вакцината против ковид 19 на „АстраЗенека“, втора доза од алтернативен производител, соопштија денес двајца негови членови.

„Никој од имунолошка перспектива не очекува дека ќе биде полошо да се добие втора доза од друга вакцина“, рече Маријана Ребле-Метју, член на постојан комитет за вакцинација, на интернет брифинг, пренесува „Ројтерс“.

Ако втората доза се покаже како неефикасна, третата доза може да биде ефикасна, рече Ребле Метју.

Нејзиниот колега во комисијата, Кристијан Богдан, наведе дека не видел доказ кој ги поврзува другите вакцини со ретките нарушувања на згрутчување на крвта.

Во тек се студии кои вклучуваат мешање на дози на вакцини.

Германскиот комитет минатата недела препорача луѓето под 60 години, кои примиле една доза на вакцината на „АстраЗенека“, да добијат втора доза од друга вакцина, по извештаите за ретки несакани ефекти на згрутчување на крвта.

Слични содржини