Ден по вакцинирањето на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера беше еден од најуспешните денови од почетокот на вакцинацијата, соопшти денеска Владата на Србија.
Во соопштението се посочува дека вкупно 64.608 лица биле вакцинирани вчера, од кои скоро 24.000, односно 23.628 граѓани дошле на вакцинација без претходно закажан датум.
Досега повеќе од милион граѓани во Србија ја примиле вакцината Синофарм, за која сите податоци покажуваат дека има убедливо најмалку несакани ефекти во однос на сите други вакцини, се додава во соопштението.