331
Познат идентитетот на возачот кој синоќа прегази девојка на пешачки во Струмица. Откако првично побегнал од местото на настанот подоцна тој сам одлучил да се пријави во полициска станица.
Се работи за 18 годишно момче од Струмица кое управувало патничко возило Нисан, со струмички регистарски ознаки. Според полицискиот извештај несреќата се случила синоќа, дваесетина минути пред 20 часот. Во близина на пешачки премин во центарот на градот патничкото возило што го управувало 18 годишното момче удрило во 20 годишна девојка од беровското село Русиново.
Со тешки телесни повреди девојката прво била пренесена во струмичката болница, а потоа префрлена на клиниките во Скопје. На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Струмица.