178
Вакцината на Астра Зенека во земјава нема да се препорачува на лица под 60 години., соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
-Денеска го разгледуваме ставот на ЕМА во однос на вакцината „АстраЗенека“ и нејзините ефекти во форма на тромботични состојби. Одборот излезе со две препораки прво дека тие несакани дејства треба да влезат во самото упатство на вакцината и второта препорака е дека секоја земја треба да заземе став во однос на давањето на вакцината.По утринските консултации со докторите донесовме одлука АстраЗенека да не се дава на лица помлади од 60 години, изјави Филипче.