Пристигна уште посмртоносен вид: Бројот на заразени е двојно зголемен поради новата мутација на корона

од Stefanija Kuzmanovska
352 прегледи

Нигерискиот вид на коронавирус, кој е потенцијално посмртоносен од јужноафриканскиот, предизвикува легитимна загриженост бидејќи бројот на заразени со овој вид се зголемува во Велика Британија.

И покрај значителниот пад на бројот на случаи на инфекција во Велика Британија, инфекциите со овој нов вид се зголемуваат.

Бидејќи сојот е нов, не е јасно колку е ефикасна заштитата обезбедена од вакцините одобрени досега.

Проблеми со новите соеви

Масовната вакцинација во Велика Британија и падот на бројот на новозаболени случаи дадоа надеж дека Велика Британија, како и Израел, полека може да се излегува од пандемијата. Сепак, новите соеви можеби ги уништија тие планови на самиот почеток.

Бројот на случаи на инфекција со јужноафриканскиот вид исто така расте, но лекарите сега се најмногу загрижени за нигерискиот вид.

На крајот на февруари имало 100 случаи, а на крајот на март имало 250, додека за 8 дена во април се регистрирани 300 случаи – што е зголемување за 200 отсто. За тоа време, бројот на случаи на инфекција со јужноафриканскиот вид се зголеми од 400 на 470 за исто време.

Досега, 12 пациенти починаа од нигерискиот вид во Велика Британија, што не е многу ако на овој број се гледа индивидуално.

Меѓутоа, ако ги погледнете статистичките податоци, тие покажуваат дека нигерискиот вид е процентуално многу поубиствен – 4,3 отсто од заразените ќе умрат, што е значително повеќе од 2,2 отсто од заразените со јужноафриканскиот и 2,3 отсто од заразените со британскиот вид.

Слични содржини