Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе глуми во новиот филм за славните галски херои Астерикс и Обеликс.
Се чини дека гласините за учество на Ибрахимовиќ во новиот филм „Астерикс и Обеликс: Патот на свилата“ се потврдени, откако шведскиот фудбалер објави фотографија на својот профил на Инстаграм со опис „Антивирус“, што е името на лик што ќе го игра во тој филм.
39-годишниот репрезентативец на Шведска, кој моментално игра за италијанскиот фудбалски клуб Милан, веќе се појави на фестивалот „Сан Ремо“, каде што пееше заедно со тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ.
Ибрахимовиќ тогаш изјави дека, откако пеел, сакал да се обиде и да глуми, но веста за неговото учество во споменатиот филмски проект е сепак мало изненадување, забележува Ројтерс.
Филмот „Астерикс и Обеликс: Патот на свилата“ треба да излезе во 2022 година, а ќе го режира францускиот актер и режисер Гијом Кане.