Се вршат претреси во фирмата „Инвока гроуп“ и кај нејзиниот сопственик

од Andreja Salpe
498 прегледи

Шефицата за Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, за „360 потврди“ потврдила дека во моментот прибираат докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра што го набави поранешниот ген-сек на Владата, Драги Рашковски.

Претреси се вршат во фирмата „Инвока гроуп“, од која Владата го набави софтверот, но и кај сопственикот на фирмата.

Рашковски софтверот за сообраќајни прекршоци го купил од „Инвока гроуп“, за потребите на Министерството за внатрешни работи, иако оттаму тврдат дека ниту знаеле за набавката ниту, пак, планираат да го користат.

Случајот го испитува и Антикорупциската комисија.

Слични содржини