Спрски државјанин кој со возило шверцувал 12 мигранти, бегајќи од полиција се превртел во близина на Градско.
Според информациите од МВР, настанот се случил утрово пред 6 часот, кога полицијата дала знак за запирање на возило „мерцедес“ со српски национални ознаки, при што возачот не запрел, туку забрзал. На излезот од Градско возилото се превртело.
Возачот, 23 -годишен српски државјанин од од Голем Дол, Прешево е приведен, а освен него во возилото имало 12 мигранти. Две од лицата се пренесени во болница во Велес за укажување на лекарска помош.
Исто така, уапсено е уште едно лице од Прешево, кој со „пасат“, со српски национални ознаки, бил претходница. За настанот е известен Јавен обвинител, а против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.