Според магазинот „Who“, холивудската актерка Џенифер Анистон повторно е „уловена“ со Џон Мајер. Се шпекулира дека американскиот пејач, текстописец и гитарист, 43-годишниот Џон, повторно го освои нејзиното срце, а овој пат популарна апликација е „виновна“ за сè.
Имено, Џон и Џенифер, како што објави магазинот „Who“, неодамна биле забележани како заедно напуштаат ресторан, но тоа не е единствениот показател дека парот е повторно заедно. Фановите го забележаа и кучето на актерката во видеата на Џон на ТикТок.
Љбовта на Џенифер кон своето куче е добро позната и таа ретко се разделува од него. Водени од тоа, многу веројатно е дека Џенифер била некаде зад камерата, што беше доволно за обожавателите да започнат да шпекулираат дека ја обновила романсата со Џон.
Анистон и осум години помладиот музичар беа заедно околу една година во текот на 2008 и 2009 година. Поранешниот пар се запозна на оскаровска забава, но нивната љубов не траеше долго. За причините за раскинувањето долго време се шпекулираше. Се велеше дека тој не ѝ бил верен, дека не сакал брак и беше спомената разликата во возраста. Познатиот заводник повеќе пати призна дека жали за тоа по раскинувањето со Анистон.