Познатиот рапер Ерл Симонс, попознат како DMX, почина на 51-годишна возраст, откако беше хоспитализиран поради срцев удар, се вели во соопштението на семејството на раперот.
Раперот се наоѓал во сериозна состојба во болницата во Њујорк откако се предозирал на 2 април, според светските медиуми, како резултат на што доживеал срцев удар.
DMX тогаш покажувал „одредена мозочна активност“, но бил во „вегетативна состојба“. Бидејќи неговата состојба беше подобра, тој набрзо беше отстранет од апаратот за одржување во животот и дишеше самостојно.
Меѓутоа, славниот рапер за жал почина, а неговиот адвокат Мареј Ричман истакна дека не знае со сигурност дали славниот рапер се предозирал.
DMX страдаше од астма уште од детството, а претходно беше хоспитализиран поради други здравствени проблеми, како и зависност од крек, која започна, како што рече, кога имал 14 години. Тој се пријави во центарот за зависности во 2019 година.
Тој порасна во Њујорк, потпиша договор со Колумбија Рекордс во 1992 година и соработуваше со познати рапери.