Полицијата девет пати интервенирала на имотот на Хари и Меган

од Stefanija Kuzmanovska
288 прегледи

Откако принцот Хари и Меган Маркл се доселија во Америка во јули минатата година, полицијата често интервенирала на нивниот имот во Калифорнија. Според странските медиуми, „службениците за спроведување на законот“ биле повикани девет пати за неколку месеци, според официјалните податоци.

Властите наведуваат дека им се јавиле телефонски и ги пријавиле сите неправилности, дека излегле на терен и поради пријави како што се нелегален упад на имотот, па дури и кога ќе се активира безбедносен аларм.

Во јули минатата година, полицијата беше повикана четири пати, но еден од тие повици беше телефонско барање, а другите „активирање аларм“. Сите четири се случиле во раните утрински часови.

Потоа биле повикани во август поради инцидент, а алармите биле активирани уште неколку пати во ноември и февруари годинава.

Принцот Хари и Меган немаа мир ниту на Божиќ. Имено, околу 16:13 часот биле повикани замениците на шерифот откако некој се обидел насилно да влезе во имотот Монтесито вреден 14 милиони долари, каде што парот живее со нивниот син Арчи.

Полицијата повторно реагирала на 26 декември околу 15 часот откако добила повик за „имотни деликти“.

Подоцна беше откриено дека човекот кој се обидел да влезе во нивниот дом се вика Николас Брок и бил уапсен за провала во приватен имот и подоцна ослободен. Последниот повик бил на 16 февруари во 02:21 часот и бил наведен како активирање на аларм.

Слични содржини