Нешков за „Трилинг“: Во Скопје ќе жалат за Борисов, Захариева и Каракачанов

од Vladimir Zorba

Сопственикот на бугарската новинска агенција БГНЕС, Љупчо Нешков, за емисијата „Трилинг“ прашува зошто во Македонија сметаат дека односите меѓу Скопје и Софија зависат од некои избори.

„Прво зависеа од изборите во Македонија, па се запре работата на Комисијата и општо сите разговори беа прекинати. Сега се чека на овие избори во Бугарија во услови кога може нема да има влада. Што треба Македонија да чека нови парламентарни или претседателски избори во Бугарија?“, вели Нешков.

Додава дека земјава загубила две златни години, за кои сме можеле да решиме многу прашања и да отвориме една голема перспектива.

„Сепак тоа се случува кога имате работа со неискрени патриоти. Во Софија никој не се интересира за јазикот и идентитетот на Македонците. Бугарија сака се исполни Договорот од 2017 година. Во Скопје сите тие патриоти многу ќе жалат за Борисов, Захариева и Каракачанов“, смета Нешков.

Слични содржини