САД се повторно на нозе: Почина млад Афроамериканец, демонстранти се судрија со полицијата

од Nikola Popovski
278 прегледи

Америка е повторно на нозе. На само 16 километри од местото каде што беше убиен Џорџ Флојд, полицијата пукала кон еден млад човек со афро-американско потекло.

Според Ројтерс, тој бил запрен поради прекршок при возење, но дека полициската интервенција завршила со неговата смрт. Во моментов се организираат протести пред зградата на полицијата во Бруклин, каде се случила трагедијата.

Бесните демонстранти се судрија со полицијата, која била принудена да употреби солзавец и гумени куршуми.

Демонстрантите извикувле „Правда за Џорџ Флојд“ и оштетиле две полициски возила.

Младиот човек кој бил убиен е идентификуван како Дони Рајт и имал само 20 години.

Во претходното полициско соопштение беше наведено дека младиот Дони Рајт бил рутински запрен додека возел, дека од проверката се открило дека е распишана потерница за него и дека тој, по обид за апсење, влегол во неговиот автомобил обидувајќи се да го напушти местото на настанот, но еден од полицајците пукал во него.

Младиот човек сепак избегал, но удрил во друг автомобил недалеку од местото на инцидентот и починал, објави Ројтерс.

Протестите за полициското насилство врз Афроамериканците не стивнуваат и кулминираат со убиството на Флојд, во Минеаполис, што се случи на 16 километри од ова последно убиство.

Флојд практично беше задушен за време на апсењето, кога полицаец клекна на него и го задави со коленото. Во тек е судски спор против полицаецот кој брутално го уби Флојд.

Фото: NICHOLAS PFOSI