Најчевска: Владиците држат кревет на некој на кој навистина му треба

од Nikola Popovski

„Држи кревет на некој на кој навистина му треба“, вака професорката Мирјана Најчевска го искоментира лекувањето на владиците Петар и Агатангел од коронавирус во болницата „Систина“.

Според неа, тие покажале апсолутна недоверба кон шефот.

„И трето, од каде бре толку пари кај некој кој се откажал од материјалното во име на духовното?“, прашува Најчевска.

Владиката Петар за телевизија Сител изјави бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива од можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците сериозно да ја разберат состојбата со вирусот.

Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, апелира и верските лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација.

Слични содржини