Петров: Од пристигнатите 706 апликации, 540 се апликации од компании кои за првпат се јавуваат на повикот

од Nikola Popovski
217 прегледи

„ФИТР пред 2 месеци стана првата државна институција, сертифицирана со меѓународниот стандард за спречување корупција, со цел континуирано и темелно спроведување на политиката за нула толеранција за мито и корупција“, изјави директорот на ФИТР, Коста Петров на денешната презентација.

Според него, од 706 пријавени на јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст, дури 540 се компании кои аплицираат за првпат на некој од јавните повици на ФИТР, додека 207 се стартап компании, покажува првичната анализа на Фондот за иновации и технолошки развој.

Тој додаде дека еден од главните фокуси на ФИТР е позиционирањето на Северна Македонија како регионален стартап хаб и затоа охрабрува што од вкупниот број на аплицирани, 207 се стартап компании.

Анализата покажува дека во однос на стартап апликантите, 171 од нив се со старост до 3 години, додека пак 105 работат до 6 години.

Вкупиот обем на инвестиции од предлог-проектите изнесува 63 милиони евра, од кои речиси 27 милиони би биле влог на компаниите, додека од ФИТР побаруваат 36 милиони евра.

Слични содржини