РСЕ: Проблеми со кинеските вакцини – помала ефикасност и потешкотии во производството

од Stefanija Kuzmanovska
399 прегледи

Признавањето на здравствените власти во Кина за слабата ефикасност на вакцините направени во таа земја може да има последици за земјите ширум светот во кои Пекинг испраќа дози во рамките на „вакцинската дипломатија“.

Од друга страна, самата Кина се соочува со потешкотии во производството, бидејќи се обидува да реализира амбициозен план за имунизација на 40 отсто од своето население до крајот на јуни, објави денес „Радио Слободна Европа“ (РСЕ), пренесуваат светските медиуми.

Шефот на кинескиот Центар за контрола на болести, Гао Фу, призна дека ефективноста на кинеските вакцини против коронавирусот „не е голема“ и дека можеби ќе треба да се подобрат, што е ретко признание од владата која го заложи својот меѓународен кредибилитет на вакцините, укажува „Вашингтон пост“.

Кинескиот амбициозен план за вакцинирање на 560 милиони луѓе или 40 лица до крајот на јуни се соочи со недостиг на снабдување, принудувајќи ги здравствените власти да го зголемат јазот помеѓу давање две дози, додека некои луѓе во Кина не беа во можност да резервираат втора инјекција.

Потешкотиите при снабдувањето дојде кога вакцинацијата во Кина се забрзува на речиси пет милиони дози на ден, што е највисоко во светот, иако уделот на вакцинирани во огромната популација сè уште заостанува зад САД, Израел и другите водечки земји во однос на процентот на вакцинирани.

Иако Кина користи само домашни производители, давајќи ѝ поголема контрола од повеќето други земји кои се борат да обезбедат вакцини, забрзаното темпо ги поместува границите на она што можат да го направат нејзините домашни производители, изјавија извори за „Блумберг“, додавајќи дека тоа има делумно влијание на одлуката за зголемување на интервалот помеѓу првата и втората доза на осум недели.

 

Слични содржини