Премиерот Зоран Заев на прашањето поврзано за тоа дали чувствува одговорност за тоа што во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет и лекови, тој и министерот за здравсвтво Венко Филипче возат мотори, Заев рече дека недела е денот кога тој ги полни своите батерии.
-Се знае ден за одмор е недела. Имам само едно хоби, а тоа е возење мотор. Недела е ден кога јас ги полна батериите, а тоа го правам со возење мотор или заедно со семејството. Секој човек заслужува да одмори. Целосно се почитуваат сите мерки. Иако имама дозвола за движење за време на полицискиот час јас тоа не го искористив.Направивме една убава турнеја и тоа за мене е убав викенд. И не се кријам, ако јас би бил покорисен да можеме да помогнеме плус од нашите сите задолженија секако дека би се откажал од своето лично задоволство, ние секој пат сем достапни за се, изјави Заев.