349
Јужнокорејскиот репрезентативец во редовите на Тотенхем, Сон Хеунг Мин, се најде на мета на расисти по натпреварот со Манчестер Јунајтед, кој неговиот тим го загуби со 1:3.
Сон беше обележан како виновник поради поништениот гол на Единсон Кавани, откако нешто порано беше удрен во лицето од дефанзивецот на Јунајтед, Скот Мектомини.
Она што следеше беше одвратно, расистичко навредување на социјалните мрежи, па Тотенхем реши да го соопшти големиот проблем во јавноста.
– Уште еден натпревар и страшен расизам што го трпи нашиот играч. Пријавивме сè и сега, заедно со Премиер лигата, ќе преземеме акција за изнаоѓање на најдоброто решение за заштита на фудбалерите. Сони, ние сме со тебе – стои во изјавата на Тотенхем.