Забрчанец до организаторите на настани: Пари има, треба да се осмисли, да се конкурира и да се работи

од Nikola Popovski
365 прегледи

„Сите што некогаш во својот професионален ангажман се бореле да дојдат до работа знаат дека за да ДОБИЕШ ГРАНТ треба да КОНКУРИРАШ“, вака националниот координатор за стратегиски комуникации и за спроведување на комуникациската стратегија на Владата, Марјан Забрчанец ја коментира изјавата од инвент индустријата дека бараат грантови, а не конкурси од Владата.

Според него, затоа, за милион евра наменски определени исклучиво за да се обезбеди РАБОТА за ивент менаџмент индустријата, секоја компанија треба да осмисли концепт, да конкурира, да ги исполни едноставните услови и да ДОБИЕ ГРАНТ за да сработи настан.

„Пари има, милион евра. Треба да се осмисли, да се конкурира и да се работи. Може и да се протестира се разбира, ама тоа би било разбирливо ако немаше пари за ивент индустријата. А сега има. Милион за грантови и уште толку за бескаматни кредити. И сега? Да се протестира или да се конкурира?“, стои во Фејсбук статусот на Забрчанец.

Маја Бабиќ од Ивент индустријата вчера изјави дека нивната професија е најзагрозена од пандемијата.

Според Централниот регистар, нашиот промет е паднат за 62 отсто. Во целата оваа 2020 година, па и во 2021 година ние освен шесте месеци помош за плата немаме добиено никаква друга поддршка од Владата. Не сакаат да нè слушнат. Тие предвиделе некаков конкурс на кој ќе можеме да аплицираме за организирање државни настани. 30-годишнината од независноста на Македонија секако ќе се организираше, ниту можеме тоа да го наречеме помош ниту тоа ќе им помогне на компаниите, особено што нема да бидат помогнати сите, туку само одбраните и не може со парите што ќе добие компанијата од еден настан да ги покрие загубите“, соопшти Бабиќ.

Слични содржини