332
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос е позитивен на коронавирусот.
Рамос е надвор од терените од почетокот на овој месец поради повреда на мускулите на левата нога, а сега закрепнувањето дополнително ќе се забави.
Веќе подолго време кружи приказната дека Рамос го напушта тимот на крајот од оваа сезона, и како одминува времето, ова изгледа се пореално. Тој ги брани боите на Реал Мадрид од летото 2015 година, но се чини дека е дојдено до презаситеност.
Иднината на шпанскиот стопер е сè уште непозната, односно се уште не се појавија информации во медиумите каде тој би можел да ја продолжи кариерата.