Еден од најдобрите играчи на Баерн, Џошуа Кимих го најави вечерашниот натпревар против Пари Сен Жермен. Баерн загуби со 3:2 на домашен терен и сега мора да брка пресврт.
„Верувам дека ќе одиме понатаму затоа што сме подобар тим. Бевме и на првиот натпревар, но тоа за жал не се виде во резултатот. Сепак, верувам дека сепак можеме да направиме пресврт во вториот натпревар. А многу работи ќе се сведат на нашиот менталитет, но исто така и на реализацијата. Ние веќе покажавме добар менталитет на првиот натпревар, но не бевме доволно ефикасни. Сега мора да ги покажеме и двете“, рече тој.
Баерн упати 31 удар кон голот на првиот натпревар, наспроти шесте удари на ПСЖ. Сепак, гостите победија со два гола на Мбапе и еден на Маркињос.
„На првиот натпревар тие имаа три шанси и постигнаа три гола. Не се сеќавам на другите шанси на Париз. Нашиот напад ја контролираше топката и имаше повеќе шанси. Сега мора да ги искористиме“, заклучи Кимих.