Алсат-М: Рашковски гради хациенда во Побожје вредна 100.000 евра

од Andreja Salpe
262 прегледи

Семејството на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при релизација на програмите за работа на Владата, гради луксузна хациенда во Побожје, на падините на Скопска Црна Гора,  објави Алсат-М.

Инвеститори на супер-комотната куќа се неговите две малолетни деца, тврди Алсат-М.

Плацот е веќе израмнет, на површина од неколку илјади квадрати. Според информациите на Алсат-М, ќе се гради куќа од над осумстотини метри квадратни нето површина. Големиот градежен зафат предвидува објект за домување, базен, теретана, соба за билјард и разни други погодности.

Слични содржини