Џегер и Грол ги изненадија обожавателите со заеднички сингл (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Мик Џегер и Дејв Грол се здружија за да снимат сингл наречен „Eazy Sleazy“.

Според НМЕ, оваа песна е изненадување за сите обожаватели, а објавена е на Јутјуб денеска попладне. За синглот се вели дека го напишал Мик за време на карантинот наметнат поради пандемијата на коронавирус.

Џегер пее и свири гитара во оваа нова рок соработка, додека Грол беше одговорен за гитара, бас и тапани.

„Тоа е песна што ја напишав пред крајот на карантинот, со многу потребен оптимизам. Благодарам на Дејв Грол што се „уфрли“ на тапани, гитара и бас, беше многу забавно да се работи со него. Се надевам дека сите ќе уживате во песната“, рече фронтменот на „Ролинг Стоунс“.

Од друга страна, Грол не го криеше својот ентузијазам за работата со Џегер.

„Тешко е да се опише со зборови колку ми значи работата со Мик. Тоа е повеќе од остварување на сонот. Тогаш кога помислив дека животот не може да стане полуд … Ова несомнено ќе биде хит на летото!“

Слични содржини