Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денес објави дека ќе испрати уште 500 војници во Германија и дека повеќе нема да размислува за големо намалување на војниците во странство, како што тоа го стори администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп.
Остин, кој е во посета на Германија, рече дека испраќањето дополнителни војници е „симболичен гест на солидарност со Германија и НАТО“.
Во моментов има околу 35.000 американски војници во Германија.
Остин рече дека војниците, кои ќе бидат дополнително упатени, ќе бидат одговорни за вселенскиот сектор, сајбер безбедноста и електронското војување.
Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбаур го поздрави испраќањето американски војници, додавајќи дека тоа е „силен сигнал за здрави американско-германски односи“.