284
Од утре ќе се вакцинираат и 73 и 74-годишни граѓани а на располагање ќе бидат 2.500 вакцини Спутник , дополнети со 2.000 Астразенека и 1.000 кинески вакцини.
– Од вакцината „Спутник“, на крајот на денов ќе останат околу 2.500, кажувам приближни бројки, на кои ќе надополниме 2.000 вакцини на „АстраЗенека“, остатокот од 24.000, бидејќи 22.000 се веќе распределени. И плус 1.000 кинески вакцини кои стигнаа како донација од Обединетите Арапски Емирати. Тоа е отприлика за вкупната бројка на граѓани до вчера пријавени во Скопје на 73 и 74 години. Како ќе доаѓаат вакцините, така ќе се надополнуваат системите, рече министерот за здравство Венко Филипче.
Вакцинацијата на овие групи граѓани ќе почне утре на пунктовите во „А1 арената Борис Трајковски“.