Данска целосно ќе престане да ја користи вакцината на „АстраЗенека“ против ковид-19 поради можна поврзана причинско-последична врска помеѓу таа вакцина и формирање на згрутчување на крвта, пишуваат денес повеќе дански медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.
Поради одлуката да престане да се користи оваа вакцина, програмата за вакцинација во Данска ќе биде одложена за неколку недели, објави ТВ 2.