405
Бугарскиот премиер Бојко Борисов официјално го номинираше поранешниот министер за надворешни работи Даниел Митов за нов премиер на земјата. Предлозите за министри ќе бидат објавени подоцна, во текот на наредниот период.
„Завршив со владата, но денес ќе ви кажам кој ќе биде нашиот премиер. Не дека сум уморен. Треба да се преземе одговорност. Тоа е лична одговорност на лидер и јас ја преземам. Дани Митов ќе биде мојот кандидат за премиер“, рекол Борисов на прес-конференција.
Претходно, во текот на вчерашниот ден, бугарскиот премиер и лидер на ГЕРБ, објави дека нема да биде кандидат на неговата партија за функцијата шеф на следната влада.