Борисов ја достави својата оставка во парламентот

од Stefanija Kuzmanovska
449 прегледи

Во процесот на формирање на новата влада на Бугарија по парламентарните избори, актуелниот премиер Бојко Борисов ја достави оставката на неговата влада до новиот парламент.

Ова на воведната пленарна седница го потврди пратеничката Мика Зајкова, на која претседаваше како најстар пратеник.

Според бугарскиот устав, кабинетот на чело со Борисов ќе продолжи да ги извршува своите должности се додека не се избере нов Совет на министри и не се обезбеди континуитет на власта.

БТА известува дека Зајкова го критикувала Борисов за неговата оставка поднесена во писмо до регистарот на Националното собрание и истакна дека тој или се срамел или го омаловажувал парламентот, бидејќи тој не се појавил лично пред пратениците.

Агенцијата наведува дека сите, освен двајца членови на Советот на министри биле присутни за време на седницата како дел од избраната парламентарна група на ГЕРБ.

Борисов беше избран и за пратеник, но тој го врати мандатот уште пред да даде заклетва.

Слични содржини