Според последниот извештај , Министерството за здравство информира, дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 3.284 тестирања, а регистрирани се 890 нови случаи на коронавирус.
Билансот по градови е: Скопје – 349, Битола – 68, Куманово – 59, Прилеп – 52, Тетово – 36, Струмица – 35, Велес – 32, Охрид – 29, Кавадарци – 27, Штип – 25, Кочани – 24, Кичево – 20, Гостивар – 19, Виница – 15, Гевгелија – 14, Неготино и Валандово – по 11, Струга, Свети Николе и Радовиш – по 9, Пробиштип – 7, Крива Паланка – 6, Ресен и Берово – по 4, Делчево и Демир Хисар – по 3, Богданци, Демир Капија и Кратово – по 2, Крушево, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1.
Регистрирани се и 1.024 оздравени пациенти од: Скопје – 464, Битола – 74, Куманово – 65, Прилеп – 60, Кавадарци – 51, Велес – 40, Гостивар – 27, Штип – 26, Тетово – 25, Струмица и Гевгелија – по 21, Берово –16, Кочани – 15, Кичево, Неготино и Валандово – по 13, Радовиш – 12, Ресен – 9, Свети Николе – 8, Крива Паланка – 7, Виница и Богданци – по 6, Македонски Брод и Дебар – по 5, Пробиштип, Демир Капија, Крушево и Делчево – по 4, Пехчево – 3, Кратово – 2, Дојран – 1.