Николовски: Министер ќе може да потроши до 1500 денари по лице за работен состанок, а директор до 1000

од Nikola Popovski
448 прегледи

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски денес потенцирал дека имаме алатка за отворени финансии на Министерството за финансии и притискаме за максимално да се спроведува активната транспарентност и граѓаните да ги имаат на веб-страните сите информации коишто треба.

„Во таа насока ја предложивме оваа Одлука, да го унифицираме трошењето за угостителските услуги за работни состаноци коишто ги имаат функционерите. И оваа Одлука не се однесува само на министрите туку се однесува на најширокиот опсег на директори и избрани и именувани лица од страна на Владата, односно за сите правни лица кои ги основа Владата, тоа се Фондови, Агенции, АД, ЈП итн. Сметаме дека со контролните механизми коишто ги има токму оваа одлука ќе спречиме било каква злоупотреба на парите на граѓаните и сé помало трошење на парите на граѓаните за непродуктивни цели. Оваа Одлука предвидува точни износи на суми, до 1.500 денари може да потроши министер по човек за работен состанок, до 1.300 денари заменик-министер, до 1.000 денари директор. Замениците-директори не се опфатени со оваа Одлука, немаат право на користење вакви услуги. Го стеснуваме кругот и ги ограничуваме износите кои можат институциите и функционерите да ги трошат“, изјавил тој.

Владата со одлуката пред два дена ги ограни трошоците за услуги во угосителски објекти во државата при одржување на работни состаноци, со што точно е определен износот што може да се користи по лице присутно на работниот состанок, а ограничувањето на износот е во зависност од функцијата на лицето коешто го организира работниот состанок.

Слични содржини