270
Скопскиот градоначалник Петре Шилегов се прости од пожарникарот Нуредин Мустафа.
-Град Скопје денеска изгуби херој, пријател и колега. Прерано заврши животот на скопскиот пожарникар Нуредин Мустафа кој безрезервно и пожртвувано секогаш се бореше да помогне во спасувањето на животи.
Почитуваниот Нуредин беше и дел од пожарникарската екипа што Град Скопје како помош ја испрати во Драч, Албанија веднаш после катастрофалниот земјотрес.
Нека почива во мир, длабоко и искрено сочувство до неговото семејство, пријателите и соработниците!, пишува Шилегов на својот Фејсбук.