Судот ги замрзнал новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на Груевски

од Vladimir Zorba
249 прегледи

Новооткриените 3.000 метри квадратни плац на Водно и двата стана на екс премиерот Никола Груевски, се замрзнати со одлука на Основен кривичен суд пренесе СДК, кој цитира изјава на јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Јовески за порталот вели дека на хартија фигурираат други имиња, но дека Обвинителството изнело докази пред Судот дека становите се на Груевски.

Поминати се десетина дена од одлуката на судот, а засега никој не поднел жалба. Груевски од Унгарија негираше дека становите се негови, велејќи дека ги изнајмил под кирија.

Обвинителите изнеле чудење зошто сопствениците не поднесуваат жалба.

Слични содржини