Премиерот Зоран Заев, на својот фејсбук профил објави дека според последните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-февруари 2021 година, изнесува 66,12 милијарди денари и бележи пораст од 9,9 % во однос на истиот период од претходната година.
– Според податоците на ТИРЗ, во февруари годинава, споредено со истиот месец лани, извозот само од зоните се зголемил за 17%. Компаниите во ТИРЗ бргу заздравуваат од кризата, а се очекуваат и нови инвестиции во висина помеѓу 80 и 100 милиони евра, стои во статусот на Премиерот Заев.
„Во периодот јануари-февруари 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина”, додава Заев.