Пендаровски ги потпиша Указите на законите за петтиот пакет економски мерки

од Andreja Salpe
153 прегледи

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски ги потпиша Указите за прогласување на законите за петтиот сет економски мерки со кои ќе им се овозможи на илјадници наши граѓани да земат плата за февруари и март оваа година.

Во однос на уставноста и законитоста во работењето на Собранието, претседателот на државата нема надлежност истата да ја преиспитува, за неа е одговорен претседателот на Собранието, а по усвојувањето на законите и Уставниот суд.

 

Што се однесува до повикот на Мицкоски до претседателот Пендаровски, од кабинетот на претседателот велат дека тој секогаш имал став за најважните прашања и проблеми со кои тие се соочуваат, дури и за работи кои не се во негова директна надлежност, а се во интерес на граѓаните, вклучувајќи го и повторно реактуелизираното прашање за промена на границите на Балканот

На крајот, претседателот Пендаровски апелира до сите политички субјекти да се однесуваат одговорно и да не најавуваат апсења и затворски казни за своите политички противници, затоа што тоа е во исклучива надлежност на правосудните органи. Најавата за поднесување на кривични пријави за претпоставени незаконити дејствија е легитимна, меѓутоа, најавите и гаранциите за апсења кога доаѓаат од страна на политичарите асоцираат на едно друго време кога единствената партија на власт беше и полицаец и обвинител и судија.