За ВМРО-ДПМНЕ, помошта од петтиот пакет мерки е задоцнета

од Nikola Popovski
257 прегледи

„Задоцнета помош не е помош. СДСМ уште еднаш го покажа своето лицемерие пред јавноста. Поради Заев и власта, граѓаните и стопанството два месеци беа оставени сами на себе. ВМРО-ДПМНЕ неколку пати апелираше петтиот пакет на мерки да се изгласа што е можно поскоро, но очигледно Заев и власта пред се се грижеа за своите криминали отколку за граѓаните кои не земале плата два месеци“, вака реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ и вчерашното носење на Законот за петтиот пакет мерки во Собранието.

Според нив, Талат Џафери и владејачкото мнозинство намерно не ја ставија седницата за петтиот пакет на мерки на дневен ред во четвртокот, „затоа што истата ќе беше изгласана со кворум на ВМРО-ДПМНЕ, а тие ќе немаа можност за театар“.

„Ако власта беше чесна и искрена мерките ќе беа изгласани во четвртокот, но Заев го интересира само ситна политичка корист, а не граѓаните и државата“, велат од најголемата опозициска партија.

 

Слични содржини