Шпанска „Марка“ пишуваше за новата Суперлига, прашувајќи каде се великаните кои ја напишаа историјата на европскиот фудбал.
Новата елитистичка Супер лига ќе им ја затвори вратата на многу великани, дури и на Ајакс, кој е добро рангиран во Лигата на шампионите и има дури четири титули на европски шампиони.
„Бенфика, Селтик, Рома, Ајакс, Црвена Ѕвезда … Ова се великаните кои се изоставени. Со создавањето на Суперлигата, конкуренцијата е затворена за 12 екипи, Баерн, ПСЖ и Дортмунд чекаат, а екипите што го направија фудбалот одличен се изоставени“, пишува Марка.
Овој весник наведува дека Суперлигата го закопува концептот на Лигата на шампионите.
„Нема повеќе ноќи како онаа кога Реал загуби од Одензе или Спартак во Москва, Барселона против Мец, во Киев против Динамо или кога Атлетико потфрли против Политехника од Темишвар или против ОФИ од Крит“, се наведува.
Потсетуваме дека Бенфика и Порто се надвор од приказната и дека можат да се надеваат само на покани или квалификации. Ајакс и Селтик се наведени како екипи што останале надвор од елитата, а Истокот може да заборави на спектаклите.
💥😲 Los gigantes olvidados de la Superliga: ¿qué pasa con ellos? https://t.co/FVQkgJfbW4
— MARCA (@marca) April 19, 2021
На сличен начин се изрази и Кивех Солхекол од „Скај Спорт“, во кој се наведени сите клубови кои заедно имаат освоено 19 европски титули, а Суперлигата ја сочинуваат Арсенал, Атлетико, Сити и Тотенхем, кои сеуште немаат пехар.
Benfica, Celtic, Feyenoord, Ajax, Forest, Villa, Hamburg, Steaua Bucharest, Porto, PSV, Red Star Belgrade, Marseille & Dortmund have won 19 European Cups.
Arsenal, Atletico Madrid, Man City and Spurs have won 0.
— Kaveh Solhekol (@SkyKaveh) April 19, 2021