Лоши вести за возачите: Нови цени на горивата од полноќ

од Nikola Popovski
370 прегледи

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) пред малку ги соопшти новите цени на горивата.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 12.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 58,00 ден/лит.

Цената на 98-октанскиот бензин не се менува, и ова гориво и понатаму ќе чини 69.00 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,726 ден/кг во однос на цената утврдена
со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за
транспорт од 12.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,992 ден/кг.
Акцизите на нафтените деривати во сите групи на малопродажни цени се утврдени согласно со законот
за акцизи.

„Во малопродажните цени утврдени со оваа одлука содржани се: надоместокот за финансирање на
активностите во областа на животната средина кои согласно Законот за животната средина го плаќаат
обврзниците утврдени со овој Закон и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати кои
согласно Законот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати го плаќаат обврзниците утврдени со
овој закон при увоз и/или производство на нафтени деривати“, велат од РКЕ и додаваат дека оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе отпочне да се применува од 00:01 часот на 20.04.2021 година и истата ќе се објави во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Слични содржини