Лупевска: Да се направи вечен спомен за починатите од Ковид-19, за овие луѓе никогаш да не ги заборавиме

од Nikola Popovski
201 прегледи

На социјалните мрежи се повеќе луѓе бараат починатите од Ковид-19 да не останат само како маргинална бројка, а во последните што се приклучува кон тоа е и новинарката на ТВ Телма, Снежана Лупевска – Созен.

„Покренувам иницијатива до властите да направат вечен спомен за овие луѓе никогаш да не ги заборавиме, ако треба да поднесеме некој официјален документ до нив, барање“, напишаа таа на својот Фејсбук профил.

Таа наведува дека доаѓаат верски празници, но и 1-ви мај, односно денови кога може да се реализира оваа иницијатива.

„Починатите од КОВИД не се само бројка , статистика, безимени лица со години во заграда …така ги објавуваат секој ден. Тие се луѓе, наши луѓе, пријатели, роднини, семејства, соседи …професионалци во својата област , работници“, објави Лупевска.

Слични содржини