„Правда за штедачи” бара оставка на ДКСК, Ивановска им порача дека не сака да се мешам во одлуките на Судот

од Берта Китинска
382 прегледи

Денеска здружението  на „Правда за штедачи”, протестираше пред Дражавната комисија за спречување на корупцијата .

-Ние денеска поднесовме барање до Антикорупциска за неотповиклива оставка на сите челнови вклучително и до претседателката.Без предметно и без основ се вмеша во постапката пред Уставниот суд  за оценка на уставноста на уставноста на член 163 став 3 од законот за банки, со кој на фондот за осигурување на депозити му се дава предност при наплата на побарувањата во стечајната постапка во однос на сите други доверители. Инаку Уставниот суд чека мислење од антикорупциска дали судиите имаат судир на интереси, па ќе решава за законот за банки.по добивањето на информацијата од антикорупциската комисија, како што рекоа од Уставниот суд, ќе продолжи постапката за овој предмет, рече денеска адвокатот Љупчо Кузмановски.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска на штедачите кои беа собрани пред просториите на комисијата им порача дека сочувствува со нив, но дека не сака да се мешам ниту во одлуките на Судот, ниту понатаму за судбината на Еуростандард банка.

– За процедурата како сето тоа се случило има отворено предмет кај нас. Толку можам да ви кажам. Немаме никаков притисок кон уставните судии и со денешната одлука тоа и го докажавме, изјави Ивановска.

Слични содржини