401
Албанија од утре, 20 април. воведува карантин од 14 дена за сите граѓани кои влегуваат на нејзина територија од С. Македонија и од Грција.
Одлука за тоа денеска донесе Комитетот на експерти за справување со пандемијата и истата ќе биде во сила до трети мај.
Велигденските празници во Албанија ќе донесат многу лица и емигранти од други земји, а имајќи предвид дека минатата година по овој празник бројот на новозаразени забележал голем раст, како и зголемен број смртни случаи, комитетот ја донесол оваа одлука.