Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното издание на дебатната емисија на ТВ Клан истакна дека СДСМ и Владата покажале незаинтересираност и желба да набават вакцини уште на почетокот, односно тогаш кога најголем дел од земјите набавија вакцини и отпочнаа со вакцинација.
Тој посочува дека е несериозно власта да вели дека се е под контрола и дека државата одлично се справува со пандемијата, а фактите да говорат дека државата нема ниту вакцини, ниту пак доволно лекови за лечење на пациентите болни од коронавирусот.
„Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше власт, вакцини во државата ќе имаше со сигурност, бидејќи како одговорна и сериозна политичка партија, прва и основна задача во ваква ситуација ќе беше да се изнајдат вакцини и да се отпочне процес на вакцинација. Недозволиво ќе беше ВМРО-ДПМНЕ да се занимава со апсолутно неважни работи, додека граѓаните чекаат вакцини и молат за спас на нивното здравје.