„Добивам по 50 повици на ден од луѓе кои не знам како ме наоѓаат, но ете, успеваат. Невозможно е да ги исполниме желбите на сите оние кои сакаат болничко лекување“, вели во интервју за Канал 5 директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ.
Таа вели дека „белиот мантил не смее да работи под притисок“ и уште еднаш предупреди дека мерките мора да се почитуваат
Посочи дека британскиот сој е многу пострашен и буквални ги „брише“ белите дробови од ренген снимките и како што вели, пациентите немаат белодробје, односно се е бело и лекарите буквално се чудат како тие дишат.
Во врска со настанот кога за викенд двајца пратеници дојдоа во Собранието заразени во скафандер, директорката вели дека ако биле во скафандер тогаш не биле извор на инфекција или зараза,
„Не можам да дискутирам бидејќи настанот не ми е познат, но сметам дека пред законот сме секако исти. Но, задачата која ја работиме секако е различна”, истакна Стевановиќ.