Стареењето е составен дел од животот и без оглед на сите можни третмани, не можеме да го избегнеме. Се разбира, се старее од ден на ден, но – дали некогаш сте се запрашале на која возраст почнуваме да старееме побрзо? Дали се тоа 30-тите или 50-тите? Една студија излезе со одговор на ова прашање.
Истражувањето спроведено во австралискиот град Дунедин следи над илјада испитаници од 1970-тите. Како дел од студијата, научниците го следеле процесот на биолошко стареење на избрани учесници во истражувањето.
Резултатите покажале дека кога имаат 38 години, испитаниците физички најмногу ја посочуваат нивната вистинска возраст.
Студијата ги тестираше функциите на внатрешните органи, го следеше метаболизмот, забите, крвната слика, холестеролот, имунитетот и хромозомите. Ова истражување треба да помогне за подобро разбирање на процесот на стареење.
Но, се поставува прашањето во која возраст старееме најбрзо. За жал, нема конкретен одговор на ова прашање. Додуша, органите покажуваат најмногу знаци на „абење“ во периодот помеѓу 30-тите и 40-тите години, но самиот процес на стареење е прилично индивидуален.
Она што го покажа истражувањето е дека начинот на кој ги водиме нашите животи има најголемо влијание врз процесот на стареење.